Возачот на Ред Бул, Серхио Перез победи во квалификациите за трката за Големата награда на Саудиска Арабија одржани вечерва. За Мексиканецот ова е прва пол-позиција до која дојде со време 1:28.200 минута остварено во петтиот круг.
Форума 1 и дефинитивно продолжи со возбудувањата и во новата сезона, а откако Ферари успеа да забележи победа во првата трка во сезоната, втората донесе и елиминација на седумкратниот освојувач на титулата, Луис Хамилтон уште во првиот квалификациски круг.
Возачот на Мерцедес потфрли уште на самиот старт од квалификациите за ГН на Саудиска Арабија, но остави простор за чудо на самата трка.
Вториот квалификациски круг беше отсликан со забивањето на Мик Шумахер во оградата, а откако трката продолжи по речиси едночасовна пауза, Перез успеа да ја осигура пол-позицијата пред утрешната завршница. Од второто место ќе тргне Леклер , додека на третото се најде Саинз. Во топ 10 се уште: Ферстапен, Окон, Расел, Алонсо, Ботас, Гасли и Магнусен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА