Коко Гоф оствари фантастичен резултат со освојувањето на пехарот на Ролан Гарос, но оттогаш формата на младата Американка забрзано се движи во надолна линија. Доказ за тоа е и последниот настап на турнирот во Монтреал, каде Гоф беше елиминирана од 83. тенисерка на ВТА-листата, 18-годишната Канаѓанка која ја забележа најголемата победа во својата досегашна кариера.
Ембоко важеше за голема аутсајдерка, затоа е огромно изненадувањето што таа не само што ја победи, туку буквално ја збриша фаворизираната Гоф за 62 минути игра. Канадската тенисерка одигра неверојатен прв сет што го доби со 6-1, потоа во вториот триумфираше со 6-4 за пласман во следната рунда.
„И самата сум во шок, не знам што да кажам. Се се случи така брзо“, изјави младата тенисерка чии родители се емигранти од Конго, но пред која очигледно е блескава иднина во „белиот спорт“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

