Интер е на добар пат да ја загуби целосно трката за скудетото откако „нероаѕурите“ катастрофално го почнаа денешниот дуел на домашен терен со Емполи, на кој по нецели 30 минути игра веќе имаат негатива од 0-2.
Дуелот почна со неочекуван гол на гостите, кои по еден неуспешен пресинг на домашните фудбалери одлично се снајдоа на противничката половина, па преку Пинамонти стигнаа до водство. Емполи веднаш потоа постигна и втор гол што беше поништен поради офсајдот на Пинамонти, а судијата досуди и смешен пенал за Интер, кој беше поништен со ВАР-технологијата.
Емполи стигна до водство од 0-2 во 28. минута кога по едно долго додавање од половината на теренот домашните дефанзивци заспаа, а Аслани го искористи тоа и го матираше Ханданович.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА