Манчестер Сити направи голем чекор наназад во борбата за титулата откако попладнево ремизираше само 1-1 на гостувањето против Нотингем Форест.
„Шумарите“ беа поставени во класичен бункер од почеток до крај на натпреварот, но имаа и многу среќа бидејќи Ерлинг Халанд немаше свој голгетерски ден. Бернардо Силва погоди за 0-1 пред крајот на првото полувреме, а Халанд се посрамоти со неколку промашувања во вториот дел.
Казната стигна во финишот, кога во еден од ретките излети на противничката половина домаќините одиграа одлична акција по која Вуд се најде осамен и од пет метри ја смести топката во мрежата.
Сити по овој резултат повторно заостанува два бода во однос на лидерот Арсенал, но има и меч повеќе во однос на „топчиите“.
Евертон стигна до значајни три бода со победата од 1-0 над Лидс со голот на Колмен, а до бодови за опстанок стигна и Борнмут, и тоа како гостин против Вулверхемптон триумфирајќи со 0-1 со голот што во второто полувреме го постигна Таверние.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

