Бјанка Андреску е сензационална освојувачка на титулата на последниот годинашен тениски грен-слем, УС Опен. Во битката за трофејот канадската тенисерка со 2-0 во сетови ја победи Серена Вилијамс.
Дебитантката не само во финалето туку и во главниот жреб на „Фешинг Медоуз“, воведниот сет го доби со 6-3, а вториот со 7-5. Во овој сет, Серена се врати од негатива од 5-1 во гемови, израмни на 5-5, но потоа Андреску ги доби следните два за големиот успех.
Вилијамс останува и натаму да ја чека 24-та грен-слем титула во кариерата. Таа го загуби и ланското финале во Њујорк, а титула од најзначајните турнири нема речиси две години.
Андреску ја потврдува тениската големина, таа годинава освои трофеи на неколку значајни турнири, а сега дојде и до првиот грен-слем трофеј во карерата. Канаѓанката има 19 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА