Енди Руиз џуниор го приреди едно од најголемите изненадувања во историјата на професионалниот бокс откако во Њујорк го победи Ентони Џошуа. Британскиот шампион како бранител на појасите во ИБФ, ВБО и ВБА категориите важеше за апсолутен фаворит во оваа борба, но беше шокиран од Руиз, кој избоксува перфектно.
Џошуа дури четири пати се наоѓаше на падот, три пати успеваше да стане, но судијата конечно реши да ја прекине борбата во седмата рунда, откако стана јасно дека актуелниот шампион не може да продолжи.
„Бев истепан од добар боксер. Ќе биде интересно до каде ќе стигне тој, сето ова е дел од спортот. Тој е шампионот од денеска, а јас ќе се вратам“ – истакна Џошуа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА