Трикратната по ред освојувачка на Ролан Гарос и прв фаворит за златниот медал на терените на овој гранд-слем на Летните олимписки игри во Париз, Ига Швјонтек доживеа сензационален пораз во полуфиналето.
Подобра од неа во овој натпревар беше кинеската тенисерка Кинвен Женг која во првиот полуфинален дуел славеше со максимални 2-0, по сетови 6-2 и 7-5.
Во финалето Женг ја чека подобрата од дуелот меѓу Хрватката Дона Векиќ и словачката тенисерка Ана Каролина Шмидлова. Со поразената од овој меч Швјонтек ќе игра во мечот за бронзениот медал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА