Сензација во Полска: Василев и Гдиња му го земаа скалпот на лидерот и тоа во неговиот дом

Македонскиот стратег Никола Василев и неговата Гдиња во 11. коло од полското првенство стигнаа до огромна победа славејќи на гостувањето кај лидерот на табелата Анвил со 88-98 во натпревар во кој гостите стигнаа до двоцифрена предност благодарение на одличната втора четвртина и не дозволија камбек на фаворизираниот противник.

За Василев и Гдиња тоа е четвртиот триумф во сезоната, трет во последните пет натпревари со кој имаат победа повеќе од „фенерџиите“ Торун и Горница во битката за опстанок.

Се вчитува...