Хрватската тенисерка Дона Векиќ ја приреди најголемата сензација на тенискиот турнир на денешниот натпреварувачки ден откако во 2. коло славеше над третата носителка, Белорусинката Арина Сабалјенка со 2-1 по сетови 6-4, 3-6 и 7-6.
Првиот сет и припадна на Хрватката, по што возврати Белорусинката, а во клучниот трет сет во тај-брејкот Векиќ беше посконцентрирана за голема победа по долгата пауза која ја имаше поради повреда.
Во осминафиналето Векиќ ќе игра Казахстанката Елена Рибакина.
Изненадувачка елиминација доживеа и чешката тенисерка Петра Квитова која беше елиминирана од Белјгијката Ван Ујтванк со 2-1 (7-5, 3-6 и 0-6).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

