Сензационалната вест која утрово го обиколи светот на Формула 1 е потврдена: 39-годишниот Луис Хамилтон од следната сезона ќе вози за Ферари!
Седумкратниот светски шампион и најуспешен возач на сите времиња по број на победи (103) ќе го напушти Мерцедес на крајот од оваа година, иако има важечки договор до крајот на 2025 година. Тоа значи дека италијанскиот гигант ќе ја активира неговата откупна клаузула,а тимот од Маранело ќе го Карлос Саинц. а
Ферари го покани Хамилтон и минатата година, пред да го продолжи договорот со Мерцедес, кога според „Дејли мејл“ му понудиле 45 милиони евра само за да го потпише договорот. Со оглед на тоа што според актуелниот договор заработува нешто помалку од 60 милиони евра годишно, Ферари сигурно изнел силни аргументи за да се договори за овој трансфер.
Од спортска страна секако помогна фактот што Мерцедес го загуби приматот над Ред Бул, а минатата сезона тие се бореа со нив до последната трка за второто место во редослед на конструктори. Хамилтон заврши на третото место кај возачите, зад Ферстапен и Перез, а пред Алонсо и Леклер, но без ниту една победа во сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА