Украинската тенисерка Марта Костјук, е вистинска сензација на Австралија опен. „Чудото од дете“ со само 15 години ги покорува фаворитите на меѓусебните средби и досега обезбеди пласман во третото коло од Гренд слемот. Костјук е првата тенисерка која со 15 години ќе настапи во третото коло на еден Гренд слем по цели 21 година, последна учесничка на иста возраст беше Мирјана Лучиќ на УС опен.
Учеството на првиот голем тениски турнир за годинава го доби преку „вајлд“ карта со оглед на тоа дека моментално е на 522. место на ВТА листата, а севкупно забележа пет победи досега, од кои три се во квалификацискиот циклус. Следен противник ќе и биде четвртата најдобра тенисерка во моментов, Елина Свитолина, а пред сребата го доби вниманието од јавноста со својата интересна изјава: „Како мала сонував да се омажам за Новак Ѓоковиќ“.
Иако пред толку голем предизвик не и се потребни вакви коментари, Марта е свесна за предизвикот и посочи дека не се плаши од никого, ниту од колешки кои се една деценија постари од неа.
„Годините ништо не ми значат. Кога ќе ме прашаат дали знам дека противниците се барем по 10 години постари од мене, јас им кажувам „па што“, бидејчи истите противници ќе чудат кога ќе почнат да губат од 15-годишно девојче“, истакна Костјук.
Нејзин менаџер е поранешниот хрватски тенисер Иван Љубичиќ, сегашниот тренер на Роџер Федерер, а Марта добива голема мотивација од него кога и да се појави на трибините за време на нејзините мечеви.
„Иван треба само да се појави на трибините и да ми каже само два збора: „Ајде Марта“, тогаш добивам мотивација и мислам дека можам секого да победам“, додаде младата Костјук.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА