Сензацијата на француското првенство не смее да игра ЛШ на својот стадион

Сензацијата на француското првенство, екипата на Брест ја заврши сезоната на третата позиција на табелата со што избори директно учество во Лигата на Шампионите следната сезона. За овој клуб тоа ќе биде историски прв настап во европските натпреварувања, но за жал нема да биде на домашниот терен.

По техничките прегледи од страна на официјални лица на УЕФА, на Брест му е соопштено дека во недостаток од значајни прописи ќе му биде дозволено да игра на стадионот „Ле Блу“ пред само пет илјади луѓе.

Тоа го примора клубот да бара ново решение, а се чини дека до истото е и дојдено по последната изјава на градоначалникот на градот, Франсоа Кујандре кој откри дека домашните натпревари во европските натпреварувања тимот ќе ги игра на „Стад де Рудуру“ во Генгам.

Се вчитува...