Јапонскиот тенисер Јосуке Ватануки продолжува со тенисот на својот живот во Индијан Велс. Моментално рангиран на 349-то место во светот, тој успеа да стигне до четвртфиналето на првиот Мастерс во сезоната, елиминирајќи го 16-от носител на турнирот, Френсис Тиафо.
Ватануки беше подобар по два сета со 6-4, 7-6 (6) по неполни два часа игра. Ватануки е најслабо рангираниот играч кој играл во четвртфиналето на Индијан Велс од 2004 година.
Можеби клучниот момент на мечот се случи во третиот гем кога јапонскиот играч успеа да се одбрани од брејк шанса за противникот, а потоа во решавачкиот гем стигна до својата единствена брејк топка во тој дел од играта, која веднаш ја искористи за да го освои првиот сет, на изненадување на сите.
Тиафо е вториот носител кој е елиминиран од Ватануки, откако претходно го елиминираше 19-от носител Томаш Меншик, а во првото коло беше подобар од Александар Бублик.
5 star performance ⭐
Yosuke Watanuki continues his dream week as he stuns Frances Tiafoe 6-4 7-6 🤝#TennisParadise pic.twitter.com/sFKkWe1Z1p
— Tennis TV (@TennisTV) March 10, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

