Сензационален пресврт во плејофот на НФЛ – прекината е 84-годишна традиција! (ВИДЕО)

Почна плејофот на НФЛ, а со тоа и возбудата за сите фанови на американскиот фудбал, кои, секако, не изостанаа во првите два натпревари од „вајлд кард-рундата“.

Прво, Лос Анџелес Ремс се пласираа во дивизиската рунда со победа од 34-31 над Каролина Пантерс, постигнувајќи тачдаун во последниот напад. Тоа беше петта промена на водството во натпреварот, а четврта во феноменалната последна четвртина.

Пантерс направија грешка бидејќи претходно постигнаа „прерано“ со тачдаун на Кокер, и поради тоа, им остана премалку време да возвратат барем со филд гол и да стигнат до продолжение.

Уште повозбудливо беше во дуелот меѓу големите дивизиски ривали од НФЦ Север, Чикаго Берс и Грин Беј Пекерс.

Пекерс на полувреме водеа со 21-3, па дури и промашија филд гол на крајот од второто полувреме. А, всушност, на крајот, победата ја извојува Чикаго, кој дојде до ретко виден пресврт и на крајот победи со 31-27.

На тој начин, беше прекината неверојатната традиција Чикаго да не го победи Грин Беј во плејофот цели 84 години!

„Клучен“ за поразот на Чикаго беше Мет Лефлер кој не знаеше што прави.  Место да форсира трчање и да губи време, тој се одлучи за воздушни напади кои не поминаа добро и им остави време на противниците да извршат чудесен пресврт.

Тие го направија тоа, и преку Свифт, Закхеус и тачдаун на Мур на 1:53 до крајот, го нокаутираа лутиот ривал и ја постигнаа една од најголемите победи во историјата на франшизата.

322-те јарди и четирите тачдауна на Џордан Лав беа залудни, претежно сите во првото полувреме, бидејќи неговиот колега Кејлеб Вилијамс го надигра на другата страна со 352 јарди и два тачдауна, но тогаш кога беше најважно.

Се вчитува...