Сензационален пресврт за историска Супербоул титула за Канзас Сити по половина век (ВИДЕО)

Патрик Махомс имаше неверојатна последна четвртина и го предводеше Канзас Сити до првата Супербоул титула по пауза од 50 години. „Чифс“ се кренаа од негатива од 10 поени и триумфира (31-20) во финалната пресметка со Сан Франциско. Квотербекот кој има 24 години имаше тешка вечер благодарение на големиот притисок на противникот и изгледаше дека нема да дојде до големиот успех.

Неговиот тим беше во негатива од 20-10 на стартот на последниот сегмент, минатогодишнот МВП имаше две неверојатни фрлања и ја продолжи сезоната на пресврти откако „чифс“ имаа 21 неодговорен поен во четири минути и 57 секунди и го носат дома „Трофејот Винс Ломбарди“. Вториот тачдаун на Демиан Вилијамс беше финишот на поентерската серија на Канзас Сити пред да почне емотивната прослава и еуфоријата.

Патрик Махомс сосема заслужено го доби МВП признанието. Тој лани беше најкорисен играч во сезоната и станува најмладиот  кој ги обединил овие две признанија.

„Во ниту еден момент не ја загубивме вербата. Никој од тимот не наведна глава и затоа најдовме начин да дојдеме до победата“ – изјави Махомс.

 

Тренерот на Канзас Сити, Енди Рид кој важи за еден од најголемите стратези во овој век конечно дочека да се израдува на трофејот. Рид има 222 победи со тимовите кои ги водел. Со Канзас и со Филаделфија има 15 учества во плеј-офот, а со Филаделфија беше и на Супербоул во 2005 година и загуби од Њу Ингланд.

„Јас сум скромен човек. Среќен сум што имам можност да го доживеам сето ова. Да ги запознаам сите овие луѓе, пријателите во лигата, играчите, тренерите. Заслугите за ова му припаѓаат на тимот, особено на одбраната која го сврте натпреварот. Тимскиот напор не доведе до овде“ – изјави Рид по триумфот.

 

 

Се вчитува...