Голманот на хрватската репрезентација и Фенербахче, Доминик Ливаковиќ наскоро би можел повторно да го облече дресот на Динамо Загреб.
Според „Вечерњи лист“, трансферот би можел да се реализира во следните две недели, иако постојат пречки на патот што би можеле да го забават или отежнат договорот.
Ливаковиќ го напушти Динамо во 2023 година за 6,5 милиони евра, приклучувајќи се на турскиот гигант, каде што првично беше прва опција на голот. Сепак, Фенербахче повеќе не го гледа како „единица“, што отвори простор за негово враќање. И Динамо и самиот голман се согласуваат дека сакаат повторно да соработуваат, а турскиот клуб ќе се обиде да врати барем дел од вложените пари.
Според извештаите, Ливаковиќ е решен да се врати во Загреб, иако е свесен дека финансиски услови како оние што ги имаше во Турција не го очекуваат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

