На крајот од оваа сезона, Партизан повторно ќе влезе во голема реконструкција на тимот, трета во последните пет години. По заминувањето на легендарниот Жељко Обрадовиќ, на црно-белите им е потребна вистинска ѕвезда околу која ќе се обидат да изградат нов проект, најавуваат српските медиуми.
Во тој контекст, изборот е речиси самонаметнат, па сериозно се размислува за враќање на капитенот на српската репрезентација, Богдан Богдановиќ.
Според информациите што кружат во кошаркарските кругови, Партизан веќе почнал да го испитува теренот за евентуалното враќање на еден од најголемите српски кошаркари во последната деценија.
Многу аналитичари од НБА сметаат дека ЛА Клиперс би можел да го откупи договорот на Богдановиќ, кој изнесува 16 милиони долари по сезона (околу 8 милиони по даноци), доколку тој не биде вклучен во некоја размена во текот на летото.
Таквиот исход би му отворил врата на Партизан да го понуди најголемиот договор во историјата на клубот и да се обиде да го врати Богдан таму каде што сè започна. Тригодишен договор вреден околу 10 милиони евра веќе се споменува како прв конкретен чекор, што би бил јасен сигнал за амбициите на белградскиот клуб.
Зад сè стои и фактот дека Клиперси во моментов не го добиваат она што го очекуваа од Богдановиќ.
Српскиот шутер веќе пропушти 20 натпревари оваа сезона и сè уште нема прецизен датум за негово враќање, додека минатата година имаше слични проблеми, играјќи само 54 натпревари.
Со оглед на платата од 16 милиони долари оваа сезона, Богдановиќ во моментов е негативен финансиски фактор за Клиперси, бидејќи неговите перформанси не ја оправдуваат инвестицијата, што дополнително ги зголемува шансите за раскинување на соработката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

