Сензационален „кам-бек“ во најава: Киеза се враќа во Јувентус

Италијанското крило Федерико Киеза се почесто се споменува за враќање во Јувентус. Како што открива „Газета“, Италијанецот нема доверба во Арне Слот, и лесно би можел да го напушти „Енфилд“ во јануарскиот преоден рок.

Тој и натаму е на цена во Италија, со оглед дека беше поврзуван со трансфер во Наполи и Фиорентина во летниот предоен рок, но на крајот остана во Англија.

Јувентус сака да ги засили крилните позиции, Киеза е добро познат играч, со оглед дека играше таму до 2024 година пред да замине во Ливерпул. Имаше бројни проблеми со повреди, но сега е целосно подготвен.

Ливерпул во јануари ќе купи нов играч во нападот, со оглед дека Исак ќе отсуствува долго време од терените.

Се вчитува...