Јувентус бара уште еден напаѓач со цел да ја зголеми конкуренцијата во нападот, каде што во моментов игра Душан Влаховиќ. Според италијанските медиуми, изборот може да биде Анте Будимир, 33-годишниот хрватски напаѓач кој во моментов игтра за Осасуна.
Будимир во моментов игра во добра форма, и токму тоа е главниот акцент на тимот од Торино. Доколку дојде, тоа би значело дека Хрват и Србин би можеле да бидат тандем во нападот, ако за тоа има потреба.
Влаховиќ во моментов е „недопирлив“ во нападот на „бјанконерите“, но Јувентус сака да осигура негова замена во случај на повреда, или поради замор, со оглед дека тимот го чека битка на сите три фронта: во Серија „А“, во Лигата на шампионите и во Купот на Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА