Сензационална најава: ЛШ на УЕФА се шири и во Саудиска Арабија

Фудбалскиот „бум“ што го прави Саудиска Арабија со бројните мегатрансфери од Европа би можел да ги промени и плановите на УЕФА кога станува збор за изгледот на Лигата на Шампионите и ширењето на елитното европско натпреварување од сезоната 2024/25.

Веќе беше објавено дека бројот на учесници ќе биде згоелмен на 36 клубови во ЛШ почнувајќи од септември 2024 година, но според италијанските медиуми, можно е да дојде и до ширење на елитното европско натпреварување, во кое би биле вклучени и клубови од Саудиска Арабија.

Финансиската моќ на арапскиот фудбалски свет делува примамливо за челниците на УЕФА, кои ги разгледуваат опциите со кои би можеле да ги привлечат најдобрите тимови од Саудиска Арабија во европската Лига на Шампиони. Како опција се споменува давање на вајлд-карти на двете најдобри екипи од лигата на Саудиска Арабија, но се уште е нејасно дали тие би го зазеле местото на некои европски тимови, или пак бројот на учесници на 36 ќе се зголеми на 38.

Останува времето да покаже дали оваа идеја воопшто може да биде реализиран до стартот на новата сезона, или планот ќе се одложи за поблиска иднина.

Се вчитува...