Изминатата ноќ во НБА беше одбележана со дуел меѓу двајца од најдобрите почетници во лигата, одлична игра на ветеранот Кевин Дурант и отсуството на Јанис Антетокумпо.
Шарлот Хорнетс го победија Далас со 123-121, и покрај монструозната игра на Купер Флег кој постигна 49 поени.
Кон Кнупел беше херој на вечерта со 34 поени, вклучувајќи ги и победничките слободни фрлања на 4 секунди до крајот.
Флег го сруши рекордот на НБА за тинејџери, но направи клучна грешка во финишот и го промаши шутот за продолжение. Хорнетс дојдоа до својата петта победа по ред, а Кнупел постигна осум тројки.
Кевин Дурант постигна 31 поен, во победата на Хјустон против ослабената Атланта со 104-86.
По изедначено прво полувреме, Хјустон се засили и го реши натпреварот во третата четвртина. Атланта играше без половина од своите почетни петмина, а Рокетс го искористија тоа максимално и ја прекинаа серијата од четири победи на Хоксите.
Без повредениот Јанис Антетокумпо, кој веројатно е веќе во очекување на потенцијална размена, Милвоки загуби од Вашингтон со 109-99.
Кишон Џорџ со 23 поени и Алекс Сар со 16 поени ги предводеа Визардс до втората победа по ред.
Бакс го загубија четвртиот пораз по ред и се подалеку од плејофот.
Тајрис Макси го имаше натпреварот на вечерта – 40 поени и победнички леј-ап на 1,3 секунди до крајот во победата на Филаделфија над Сакраменто од 113-111.
Ембид додаде 37 поени, Филаделфија се вратија од -11, а Кингс ја продолжија својата црна серија: седум порази по ред.
НБА – РЕЗУЛТАТИ
Филаделфија – Сакраменто 113-111
Вашингтон – Милвоки 109-99
Атланта – Хјустон 86-104
Чикаго – Мајами 113-116
Далас – Шарлот 121-123
Денвер – Бруклин 107-103
Феникс – Детроит 114-96
Минесота – Оклахома 123-111
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

