Иако многу се поврзуваше со преземањето на Реал Мадрид, како што стојат работите, Јирген Клоп всушност е во преговори со друг клуб.
Како што објавија шпанските новинари, Јирген Клоп е во напредни преговори со тим од Ла Лига кого ќе го преземе од јуни оваа година, но тоа не е Реал Мадрид како што многумина очекуваа, туку Атлетико Мадрид.
Шпанските медиуми ја објавија сензационалната вест дека Јирген Клоп е во напредни преговори со Атлетико Мадрид.
По една година на чело на фудбалската организација Ред Бул, информациите од Австрија и Англија велат дека е време да се прекине соработката. Имено, челниците на оваа група не се задоволни од начинот на работа на Јирген Клоп, како и од напредокот на самиот проект.
Резултатите во сите клубови на Ред Бул се далеку од она што го очекуваа, а тоа најдобро го покажува РБ Лајпциг, кој очајно се бори за место во Лигата на шампионите.
Клоп е подготвен да си оди, а челниците на групата наводно нема да му застанат на патот, па затоа сензационално враќање на тренерската работа е подготвено за Германецот.
Марк Роуан, мнозинскиот сопственик на Атлетико Мадрид, лично ја презеде обврската да преговара со Клоп и верува дека тој е токму човекот што му е потребен на неговиот клуб.
Дополнително, Шпанците тврдат и дека Клоп имал понуда од Реал Мадрид, но решил да ја одбие.
Сепак, понудата на Атлетико Мадрид е очигледно премногу добра за Клоп да ја одбие и сè е подготвено за голем камбек.
Малкумина можат да го замислат Клоп како наследник на Симеоне, но според тврдењата од Шпанија, токму тоа ќе се случи следното лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

