Сепак договор: ПСЖ деновиве ќе го официјализира трансферот на Рамос

И покрај претходните објави дека тешко ќе има договор за соработка меѓу ПСЖ и Серхио Рамос, сепак денеска, како што пренесуваат француските медиуми, постигнат е договор меѓу Шпанецот и францускиот клуб.

Рамос денеска во Париз, преку своите агенти, го комплетирал договорот за двегодишна соработка со ПСЖ, селејќи се во Франција како слободен играч.

Според најавите, ПСЖ деновиве треба и официјално да го промовира Рамос како свој нов фудбалер. Нови фудбалери на ПСЖ треба да бидат и Хакими и Донарума.

Се вчитува...