Кристијано Роналдо настојува да си замине од Манчестер Јунајтед во текот на летниот преоден рок, но причина за тоа не е неамбициозноста на управата на „црвените ѓаволи“ на почетокот од овој преоден рок.
Како што јавуваат британските медиуми, Роналдо е незадоволен поради одлуката на управата на Јунајтед сите фудбалери да бидат казнети со по 25% од платата за наредната сезона, поради необезбеденото учество во Лигата на Шампионите.
Во случајот на Роналдо, кој има годишна плата од 30 милиони евра, станува збор за сума од 7,5 милиони евра што Португалецот би ги загубил во однос на она што го договори минатото лето со „црвените ѓаволи“.
Тој е свесен дека на тимот не му се пишува ништо добро кога станува збор за борбата за трофеи во новата сезона, поради што сака да си замине, но проблем е што ниту еден тим во Европа не е подготвен да му ја израмни платата од Јунајтед, камоли да му понуди повеќе пари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

