Eден од противниците на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, норвешкиот Колстад, формираше дрим тим што го сврте вниманието кон себе, но сега нема пари да ги покрие платите на играчите.
Клубот побара од играчите да се согласат за 30 отсто помали плати во првата година, но тоа наиде на остри реакции насекаде.
Иако дел од играчите потврдија дека ќе останат во клубот, сепак веќе почна да се шпекулира за нивно заминување.
Прв кој ја отвора излезната врата е исландскиот плејмејкер Јанус Дади Смарасон. Тој наводно одбил помала плата и веќе е договорен за трансфер во европскиот шампион Магдебург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА