Иако изгледаше како договорена работа, нема да има соработка помеѓу Александар Зверев и Тони Надал. Третиот светски тенисер беше виден како работи со чичкото и поранешен тренер на Рафаел Надал во неговата академија на Мајорка, но очигледно не е постигнат договор.
Според германскиот „Билд“, токму Шпанецот не сакал да соработува. Тој ги навел својата работа во академијата, своите должности како директор на АТП турнирот на овој шпански остров, како и некои други причини. Од друга страна, Зверев ќе може да доаѓа да тренира со него во Академијата Надал кога сака.
Секако, оваа можност не е доволна за германскиот ас бидејќи првенствено му треба некој на големите турнири, каде што ги покажува најголемите слабости.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

