Партизан во 28. коло од Евролигата му гостува на Милано во натпревар во кој „црно-белите“ немаат право на грешка доколку сакаат да се најдат во разигрвањето за пласман на финалниот турнир на најсилното европско кошаркарско првенство.
Но, во Италија тренерот Жељко Обрадовиќ нема да може да смета на два клучни играчи – Џејмс Нанали и Огњен Јарамаз и покрај најавите дека Американецот и Србинот ќе бидат подготвени за петочниот натпревар.
Нанали се уште го мачи повредата на рамото поради која го пропушти и последниот натпревар во Евролигата, додека Јарамаз се мачи со повреда уште од Купот на Србија, но за истата нема детални информации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА