Сер Алекс беше во право: Ова е клучната разлика меѓу Роналдо и Меси

Вечната дилема во фудбалскиот свет, кој од Лео Меси и Кристијано Роналдо е најдобар играч на денешницата, продолжува и оваа сезона во која двете суперѕвезди играат далеку послабо од очекувањата.

Меси се мачи да се адаптира на системот на игра на ПСЖ, по што британските медиуми се потсетија на една стара изјава на легендарниот Сер Алекс Фергусон, кој ги спореди португалската и аргентинската „ѕвезда“.

„За мене, има една клучна разлика меѓу нив двајца. Роналдо може да игра за Милвол, КПР или за Донкастер и пак ќе најде начин да постигне хет-трик на некој натпревар. Не сум сигурен дека Меси би можел да го стори истото, мислам дека Меси може да игра на највисоко ниво само за Барселона“, изјави Фергусон.

Се вчитува...