Благоја Милевски и официјално денеска промовиран како нов селектор на македонската репрезентација.
Пред македонските медиуми во хотелот „Лимак“ во Скопје, претседателот на ФФМ информираше дека со Милевски е потпишан договор до 2024 година, со надеж дека потоа повторно ќе биде продолжен.
„Искрени честитки и желба за идни успеси на господинот Благоја Милевски. Вашето знаење и страст за фудбалот без сомнение ќе има огромен придонес за развојот на фудбалот во Македонија како селектор на нашата најдобра репрезентација“ – истакна Сејдини, притоа и подарувајќи му на Милевски дресот со бројот на годината до крајот на договорот.
„Милевски е човекот кој го регенерираше македонскиот репрезентативен крвоток, кој создаде група на фудбалери кои веќе имаат зад себе учества на две европски првенства. Македонската репрезентација покажа дека има квалитет а сега на чело со Милевски треба да покаже карактер за идни уште поголеми успеси, во кои не се сомневаме. Сакам да создадеме трајно наследство за македонскиот фудбал и спорт. Убедени сме во потенцијал и тука пред новиот селектор искажувам отворена поддршка во иднина за заедничко градење на најуспешниот спортски колектив во Македонија – Фудбалската федерација. Иако на дресот го има бројот на годината до крајот на договорот, верувам дека ќе соработуваме уште многу повеќе во иднина“ – дополни првиот човек на ФФМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА