Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Боби Милевски, пред првиот собир на националниот тим за оваа година во пресрет на силниот меѓународен турнир во Анталија, вообичаено, како и секое коло, „снимаше“ на прволигашките натпревари.
„Сер Боби“ денеска и на дуелот меѓу Македонија ЃП и Силекс во Ѓорче Петров следеше настапите на дел од потенцијалните репрезентативци.
Како што е познато, Арби Воша од Македонија ЃП, но и Кристијан Додевски од Силекс, се дел од поширокиот список на младата репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА