ЕКИПА во Солун,
Стеван Цаневски
Мартин Серафимов ја имаше улогата на херој на денешниот дуел со Грција, десниот бек на Алкалоид доби шанса и постигна пет погодоци од шест обиди, покажувајќи дека е подготвен да даде значаен придонес во националнио тим секогаш кога ќе добие шанса.
Скромен како и секогаш, Серафимов го стави тимскиот успех пред индивидуалните бројки, најавувајќи уште подобри денови за нашиот ракометен национален тим.
„Ова ни беше втор меч против Грција, по вчерашното реми денеска успеавме да стигнеме до посакуваниот триумф. Многу сум среќен од играта на целата екипа, одигравме машки покажавме карактер и квалитет. Знаеме дека можеме и уште подобро, се надевам дека ова беше само најава за уште поквалитетни партии, ова беше добар тест за предизвиците што се наоѓаат пред нашата репрезентација. Имаме навистина квалитетни ракометари, од прв до последен, неслучајно сме редовни учесници на големите натпреварувања. Сите сме тука за Македонија, даваме се за репрезентативниот дрес и се бориме за уште поголеми успеси во идниина. Не би сакал да го коментирам судењето, тоа е тоа, игравме во Грција, очекувавме домаќините да имаат таква помош, мислам дека не се разочаравме туку одговоривме на најдобар можен начин“, изјави Мартин Серафимов по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА