Македонскиот фудбалски национален тим, го имаше собирот за престојните два натпревари во Лигата на Нации против Летонија и против Фарски Острови на домашен терен во четврток, односно во недела во рамките од Лигата на Нациите.
Националите ја почнуваат оваа мисија како првопласирани, и само чудо треба да се случи да не завршиме на првата позиција, но избраниците на Благоја Милевски не смеат да се опуштат, затоа што е подобро да ја завршат групата со повеќе бодови, за баражот за пласман на идниот Мундијал.
Дефанзивецот, Никола Серафимов вели дека сака и во овие два натпревари тој и соиграчите од одбраната да не му дозволат гол на противникот.
„Три победи по ред и тоа без примен гол звучи одлично. Јас најмногу сум среќен кога нема да примиме гол. Сигурно и останатите од одбраната. Но, тоа е резултат на тимската игра. Ни следуваат натпревари против добро познати противници против кои веќе одигравме натпревари. Противниците воопшто не се наивни, но оваа групна фаза сакаме да ја завршиме со две победи и шест бода. Ние сме професионалци и без разлика во кој термин играме за Македонија секогаш го даваме максимумот“, рече Серафимов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА