Ракометарите на Алкалоид цврсто на земја го дочекуваат вечерашниот реванш против АЕК, свесни дека предноста од четири гола во Атина може да се одбрани само со максимална ангажираност во текот на сите 60 минути вечерва во „Борис Трајковски“.
Мартин Серафимов беше меѓу најдобрите стрелци во Атина, а десниот бек сигурно ќе биде значаен адут на тренерот Лазаров и на денешниот дуел. Репрезентативецот е свесен за тежината на предизвикот, но верува дека Алкалоид ќе одигра како што знае и на крајот ќе се радува на историски успех.
„Иако имаме четири гола предност од првиот меч не очекувам да биде лесно против АЕК. Но ќе биде од голема помош во исполнување на нашата цел, а тоа е победа и на оваа средба. Ќе имаме голема поддршка од македонската јавност, ќе уживаат во добар натпревар, на кој верувам дека на крајот ќе се радуваме ние и ќе го освоиме трофејот“, истакна Серафимов во пресрет на вечерашниот реванш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

