ЕКИПА во Торшавн
Горан Бошев
ФОТО: Роберт Спасовски
Македонската репрезентација со реми против Фарски острови 1-1 го стартуваше четвртото издание во Лигата на Нации. Во игра со многу осцилации, многу падови, Македонија не искористи три добри шанси за пресврт во Торшавн, па остана без победата против Фарски Острови.
Дефанзивецот на репрезентацијата на Македонија, Никола Серафимов вели дека мора сите да се запрашаат што треба да се поправи.
„Не сме задоволни ниту од резултатот, ниту од играта посебно во првото полувреме. Примивме гол од чуден пенал, но и покрај тоа имавме доволно време да се вратиме во мечот. Мораме многу работи да поправиме, пред се мора поголема желба и борба од наша страна. Јас не сум тој што треба да каже што се промени во однос на минатите две години, само знам дека секогаш кога ќе добиете шанса да ја претставувате Македонија мора да бидете на високо ниво. Мислам дека ништо не е изгубено имаме важен натпревар за три дена и доколку сакаме да направиме нешто мораме да славиме против Ерменија. Мораме да се запрашаме сите од прв до последен што треба да се поправи“, изјави Серафимов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА