Серафимов: Најважно е што сите сме свесни колку можеме…

ЕКИПА во Вараждин,

Стеван Цаневски

Македонските ракометари оставија зад себе уште еден неверојатен меч, неизвесен до последната секунда, што повторно заврши со реми. За разлика од пресметката со Унгарија, овојпат Македонија беше селекцијата што даде гол за освојување на бод, а „црвено-жолтите“ одиграа уште еден меч во кој демонстрираа ракометен квалитет и зрелост за да се надигруваат со врвна селекција.

Австриската тактика „седум на шест“ е нешто што противникот го игра до совршенство и за очекување беше да ни создаде проблеми, но во нападот бевме доволно добри за да парираме до самиот крај, успевајќи да стигнеме и до бод,

„Треба да сме среќни затоа што успеавме да извлечеме бод од овој дуел со последен гол на Кузмановски. Не треба да жалиме, само да одиме напред. Австрија играше седум на шест, цело време ја играат таа игра и затоа против нас ја изведоа доста квалитетно“, изјави Мартин Серафимов.

Време за одмор во ова пеколно тешко натпреварување нема, па така македонските ракометари веќе утре ги очекува нов предизвик – пресметка со селекцијата на Катар.

„Сега ни следи дуел со Катарците, против нив мора да дадеме максимумот и тоа е тоа. Многу е важно што сите играчи се свесни што можеме, добра е атмосферата во самата репрезентација и веруваме во себе во секој момент“, изјави Серафимов.

Се вчитува...