Ракометарите на Алкалоид максимално подготвени и мотивирани го дочекуваат двомечот со Вест Виена, решени да го продолжат настапот во европските натпреварувања.
Мартин Серафимов е оптимист дека „сино-белите“ ќе стигнат до позитивен резултат, за со уште поголема самодоверба да влезат во новите европски предизвици.
„Ние сме подготвени за она што следува, наша желба е да одиграме два квалитетни натпревара. Сакаме публиката да ужива, веруваме дека со начинот на кој играме заслуживме навивачите да дојдат во голем број, а ние ќе им се оддолжиме со добра игра и победа. Играме со ривал што игра сличен ракомет на нас, цел ќе ни биде самите да наметнеме наш ритам, за публиката да ужива“, изјави Мартин Серафимов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА