Серафимов: Одиме со кренати глави во Португалија каде мора да одиграме најдобро што знаеме

Македонската ракометна репрезентација по долги години загуби еден домашен квалификациски натпревар, откако по голема битка загуби од Португалија (23-29). Конечните „минус шест“ се нереална слика за случувањата на теренот, иако останува впечатокот дека гостите знаеја како да ја оправдаат фаворитската улога.

Репрезентативниот десен бек Мартин Серафимов вели дека покажале многу подобра игра во првиот меч против Португалија од настапот на Светското првенство и дека мора со кренати глави да заминат на гостувањето и да одиграат најдобро што можат.

„Одигравме добар и тежок натпревар. Се боревме до последната секунда. Не сум среќен што загубивме, но мора да ги кренеме главите и да одиме во Португалија да одиграме најдобро што можеме. Ги поправаме грешките од Светското првенство и верувам дека ќе биде многу подобро во иднина“, изјави Серафимов. 

Се вчитува...