Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов и официјално претставен пред навивачите на Левски и бугарската спортска јавност пред свое прво интервју по пристигнувањето во Бугарија, презентирајќи се за клупската телевизија на „сините“.
Во разговор на македонски јазик Серафимов потенцираше дека е почестен и среќен што ќе го носи дресот на најголемиот клуб во Бугарија, со огромна традиција, верувајќи дека ќе придонесе за остварување на целите на клубот.
„Среќен сум што сум дел од Левски. Пријатно сум изненаден од тоа како сум прифатен од првиот ден во клубот – соиграчите и стручниот штаб. Атмосферата е одлична и сигурен сум дека одлично ќе се вклопам“, рече Серафимов, притоа дополнувајќи:
„Не ми требаше многу време за да размислам околу пондата. Со мојот агент кратко разговаравме, го следев во живо натпреварот со Спартак Варна, на кој атмосферата беше феноменална. Извонреден беше и натпреварот против Сабах во Европа. Задоволство е што Левски ќе игра во плејофот за пласман во Лигата на конференции. Конкуренцијата секогаш е мотив повеќе за мене да напредувам како фудбалер“.
Серафимов откри и дека имал разговор и со поранешниот македонски репрезентативец Дарко Тасевски за значењето на Левски.
„Не сакам многу да зборувам за себе. Моите квалитети ќе се покажат на теренот. Целта ми е секој ден да бидам подобар и како играч и како човек. Секогаш ќе го давам максимумот“ – порача македонскиот репрезентативец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

