Серафимов промовиран во Левски од легендарниот Боримиров

И официјално. Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов е нов член на Левски Софија. Стоперот денеска го комплетираше трансферот во овој бугарски тим, откако настапуваше за унгарски Фехервар. Тој доаѓа во Левски како слободен агент, откако му беше раскинат договорот со унгарската екипа, по испаѓањето од Првата лига.

Легендарниот поранешен бугарски фудбалер Даниел Боримиров, кој сега работи како директо во Левски, го промовираше Серафимов во софиските „сини“.

„Левски му посакува добродојде на Серафимов на стадионот „Георги Аспарухов“ и му посакува многу победи и среќни моменти во синиот дрес“, стои во објавата на Левски.

Се вчитува...