Серафимов се најде во идеалниот тим на унгарското првенство

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Никола Серафимов се најде во идеалниот тим во сезоната во Првата унгарска лига. Младиот дефанзивец имаше одлична сезона во дресот на Залаегерцег и со тоа заслужено доби место меѓу единаесетте најдобри во шампионатот.

Серафимов е дел од репрезентацијата на Македонија за натпреварит во Лигата на нации, а своето деби го имаше на мечот против Гибралтар кој македонската репрезентација го доби со 0-2.

Место во идеалниот тим имаше и за поранешниот фудбалер на Вардар, Јасир Асани, кој го носи дресот на Кишварда.

 

Се вчитува...