Серафимов: Секогаш се може подобро, и Французите се само луѓе од крв и месо…

ЕКИПА во Вараждин,

Стеван Цаневски

Мартин Серафимов беше задоволен од она што Македонија севкупно го прикажа на овој светски шампионат, но десниот бек не крие дека жали за пропуштените шанси да се стигне до уште подобар пласман.

Тој смета дека Македонија можела да стигне до подобар резултат и против Франција, но „црвено-жолтите“ премногу го респектирале светскиот ракометен гигант.

„Ако говориме за игрите и за пласманот, јасно е дека тој е многу подобар од оние во претходните години и задоволен сум поради тоа. Сепак, секогаш велам дека се може подобро, тоа се однесува на овој шампионат, на кој имавме шанси за уште поблескави резултати. Така беше и против Франција, не можеме да сме задоволни по еден ваков пораз. Искрено верувам дека имавме капацитет за посериозен отпор, зошто да не и да се бориме за реми или за победа. И Французите се само луѓе од крв и месо, иако е тоа одлична репрезентација верувам дека ако ние одигравме максимално можевме да им создадеме проблеми. Сепак, премногу грешевме, а тие се ривал што знае да казни такви ситуации. Ќе извлечеме поуки и верувам дека ќе бидеме уште подобри во наредниот период“, истакна Серафимов по синоќешниот дуел со повеќекратните светски и олимписки прваци.

Се вчитува...