ЕКИПА во Краков,
Стеван Цаневски, Владимир Булатовиќ, Роберт Спасовски (ФОТО)
Македонските ракометари максимално подготвени и фокусирани го дочекуваат почетокот на ракометниот мундијал и денешниот премиерен меч против Норвешка.
Еден од ракометарите кои треба да блеснат на овој шампионат е Мартин Серафимов вели дека овој нов подмладен тим треба да го покаже најдоброто…
„Ова светско првенство настапуваме со нов подмладен состав, но со желба да го покажеме најдоброто од нашиот тим. Во текот на подготовките се подготвувавмее за сите натпревари од првиот круг и ќе настојуваме да го наметнеме нашиот ритам кој веќе се препознава. Очекувам секој играч дека ќе го даде својот максимум за секоја минута помината на теренот“, вели Серафимов.
За мечот со Норвежаните тој смета дека со добра партија на голманите и помош од „фалангата“, Македонија може да ја изненади и Норвешка.
„Првиот натпревар е со Норвешка која секако е фаворит во овој момент, но бидете сигурни дека нема да калкулираме и ќе се обидеме да ја искористиме и најмалата можност ако ни се укаже. Сметам дека на тактички план ќе одговориме соодветно и имаме и ние наши адути во овој натпревар. Ако нашите голмани имаат свој ден и со помошта на „фалангата“ која ќе биде сигурно во свој елемент тогаш се’ е можно. Но овој натпревар секако не е одлучувачки има уште два потоа. Наша првична цел е да влеземе во вториот круг и мислам дека ќе успееме во тоа“, завршува Серафимов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА