Македонските фудбалери го оставаат зад себе ремито на вчерашниот дуел со Молдавија, со верба дека в понеделник ќе се одигра уште поквалитетно во пресметката со Црна Гора, на која избраниците на селекторт Милевски најавуваат офанзивна игра во обид да се стигне до победата.
Никола Серафимов настапи во второто полувреме против Молдавците, а во изјавата за натпреварот изрази жалење што подобрата игра не беше крунисана и со втор гол со кој ќе беше осигуран триумфот.
„Тоа беше тежок меч со Молдавија, ние и претходно знаевме дека противникот воопшто не е наивен. Постигнавме гол на време бидејќи беше тешко да се пробие нивниот блок. Вториот дел исто така го отворивме добро, имавме неколку шанси за 2-0, а кога не ги искористивме стигна казната по она непишано фудбалско правило. НЕмаме за што да жалиме бидејќи ова не беше меч за бодови. Треба да се крене нивото на игра, но и да се остане со ист фокус и концентраија во текот на сите 90 минути. Неколку натпревари имаме пад на концентрацијата, тоа е проблем што ни се повторува и токму во тие моменти се случува да примиме гол. Што се однесува до наредниот меч со Црна Гора, можам да кажам дека ќе одиме на победа. Имаме време за анализа и подготовка, ќе се обидеме да триумфираме“, истакна Серафимов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА