Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов со гол го круниса одличниот настап на Левски против Монтана во 16. коло од бугарското првенство.
Левски славеше со преубедливи 1-5 на гостувањето на стадионот „Огоста“, а Серафимов го постигна четвртиот гол во мрежата на противникот стрелајќи во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

