ЕКИПА во Хрватска,
Стеван Цаневски
Репрезентацијата на Македонија со вечерашниот дуел против Унгарија (20.30 часот) го почнува настапот на Светското првенство што нашиот национален тим ќе го игра во Вараждин.
Јасно е дека Унгарците ќе ја имаат фаворитската улога, но во нашиот табор владее решителност да се одигра максимално ангажирано во текот на сите 60 минути и да се обиде да се стигне до израмнување. Десниот бек Мартин Серафимов гледа со респект на денешниот ривал, но и најавува дека „црвено-жолтите“ ќе сторат се за да се прикажат во добро светло на оваа мундијалска увертира.
„Унгарија е репрезентација што е фаворит во нашата група, не само на денешниот дуел, туку и на наредните натпревари. Станува збор за репрезентација со одличен состав и добра традиција на големи натпреварувања. Иако е тешко да се најдат слаби точки, сепак не треба да заборавиме дека никој не е непобедлив. Тешко е да се победи една ваква репрезентација, но ние ќе ја чекаме нашата шанса, доколку истата се укаже ќе се обидеме да ја искористиме. Во спортот ништо не е невозможно. Долго време се подготвувавме за нив. Најважно е да ги спроведеме сите задачи на теренот, да одиграме борбено. Дали ќе биде тоа доволно за изненадување, ќе видиме на крајот“, изјави Серафимов во пресрет на денешниот натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА