Мартин Серафимов вчера го имаше своето деби на светските шампионати, десниот бек на Металург влезе во игра во второто полувреме и постигна неколку погодоци, но убедливиот пораз беше неизбежен.
Серафимов на денешната средба со новинарите изрази надеж дека во иднина Македонија се почесто ќе прикажува игра како во голем дел од првото полувреме.
„Во првите дваесетина минути заличивме на репрезентација каква што сакаме да бидеме. Добро е што ние младите добиваме поголема минутажа“, истакна Серафимов.
Бекот Горан Крстевски смета дека двоцифрениот пораз од Словенците бил незаслужен.
„Во тие први дваесетина минути покажавме зрелост во нападот, во одбраната исто така одигравме како што се договоривме. Потоа следеше пад, Словенците ги искористија нашите грешки, но не заслуживме да загубиме толку убедливо“, изјави Крстевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА