Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов се најде во тимот на колото во унгарскиот шампионат.
Серафимов одигра одличен натпревар изминатиов викенд во победата на МОЛ Фехервар од 2-0 против Мезековец, па сосема заслужено се најде во изборот на идеалните 11.
Фехервар е на третата позиција во најсилната лига на Унгарија по 16 одиграни кола. Во последното коло од есенскиот дел од шампионатот, на 16. декември Фехервар пред своите навивачи го пречекува тимот на Пакс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

