Македонската женска ракометна репрезентација денеска против Исланд ги почнува квалификациите за место во баражот за пласман на Светското првенство во Шпанија.
Голманката Матеја Серафимова верува дека и девојките може да ја израдуваат македонската јавност со победи каков што беше и оној на машката репрезентација против Данска. Желбата е секако со три победи да се заврши турнирот во Скопје.
„Играме на домашен терен и сигурно посакуваме три победи, иако ќе ни недостасува поддршката од публиката. Но, подготвени сме да дадеме се од себе. Желбата е да ја израдуваме нашата јавност онака како и машката репрезентација со победата над Данска. Иако минавме само четири дена подготовки, максимално мотивирани и подготвени пристапуваме на натпреварите. Со сите три селекции имаме шанси да дојдеме до победа. Имаме искуство со Исланд, секако најголем е акцентот на денешниот натпревар на кој со победа се добива дополнителен импулс за следните дуели“ – вели Серафимова.
Трите натпревари, против Исланд, со Литванија и со Грција се играат во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 17 часот. Денеска стартуваме со Исланд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА