Виктор Серафимовски е херојот за Шкупи во триумфот од 99-98 против Фени Индустри во 21. коло од Првата македонска кошаркарска лига.
Во крајно израмнет меч низ кој се влезе во драматичен финиш, триумфот за домашните го донесе Серафимовски на три секудни пред крајот реализирајќи две слободни фрлања за 99-98. Претходно, на 23 секунди пред крајот Вокер погоди за Фени за 97-98. Кога се чинеше дека гостите ќе успеат да извлечат победа, сепак пресуди Серафимовски.
Серафимовски постигна вкупно 17 поени на мечот, а најефикасен кај Шкупи беше Рид со 25 поени кој имаше и 14 скока. Кај гостите не помогна за победа ниту Пајиќ со неговите 33 поени.
Гостивар лесно дојде до победа против Струмица со 94-49. Робев со 17 поени беше најефикасен кај Гостивар, додека Димитриевски постигна 16 поени.
По оваа победа Гостивар се проби на четвртото место со 35 бода, пред МЗТ Скопје кој има 34 бода. Прв е Работнички со 42 бода, пред Блокотехна со 38 бода и Куманово со 35 бода.
Од ова коло утре се играат натпреварите Охрид – МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер – Кожув..
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА