Серџи Роберто останува верен на Барселона

Серџи Роберто ќе остане верен на Барселона, пренесуваат каталонските медиуми. Тој ќе стави потпис на нов договор со Каталонците до 2023 година.

Серџи Роберто потекнува од младинската школа на Барселона „Ла масија“. Тој своето деби за каталонскиот гигант го имаше во 2010 година, а за клубот од „Камп ноу“ досега забележа 208 настапи на кои постигна пет погодоци. Најважен беше тој против Пари Сен Жермен во историскиот меч кој Барса го доби со 6-1 и успеа да ја неутрализира негативата од четири гола од првиот натпревар.

 

Се вчитува...